Утрински Весник
Македонија

Апасиев: Битка до Стразбур доколку македонските судови не реагираат на политичката дискриминација

Levica.webp.webp

Правниот тим на Левица поднесе предлог за изрекување на привремена мерка против АВМУ и ДИК. Претседателот на партијата, Димитар Апасиев најавува битка и до Стразбур, доколку македонските судски инстанци не реагираат.

,,Нашиот правен тим поднесе Предлог за изрекување привремена мерка до Основниот граѓански суд – Скопје против АВМУ и ДИК! На потег се домашните судски инстанци да ја спречат политичката дискриминација која и се врши на Левица.


Доколку македонските надлежни органи останат слепи и глуви на овој досега невиден скандал во плуралистичка Македонија, продолжуваме и до Европскиот суд за човекови права – Стразбур.” – стои во објавата на Апасиев.

Можете да прочитате

За 35 отсто помалку загинати во сообраќајот – „Безбеден град“ дел од мерките на МВР

ОЈО отвори истрага за нападот врз лекар во поликлиниката „Букурешт“

Две и пол години затвор за Гордана Филиповиќ за смртта на пешакот кај Мостот „Гоце Делчев“