Утрински Весник
Свет

Антивладини протести во Тунис – 24info.mk

20250426085301 big 730x400 97.webp.webp

Повеќе од 2.000 луѓе протестираа синоќа во Тунис, барајќи ослободување на уапсениот адвокат и оставка од претседателот Каис Саид.

„Народот сака пад на режимот“, скандираа демонстрантите, повторувајќи ги слоганите од 2011 година, кога беше соборен диктаторот Зин ел-Абидин Бен Али по повеќе од 20 години на власт. Тие исто така извикуваа „Твој ред е, диктаторе Каис. Револуцијата доаѓа“.


Демонстрантите носеа транспарент со сликата на претседателот Саид на кој со големи букви пишуваше тиранин. Исто така имаше транспаренти на кои пишуваше „Слободата на изразување е уставно право“ и „Судскиот систем е марионета“.

Поранешен судија, а сега адвокат, Ахмед Суаб беше уапсен на 24 април под обвинение за формирање терористичка група. Тој го критикуваше притисокот врз судиите за време на мега судењето за „заговор против државата“ што заврши минатата недела. На опозиционери, адвокати и бизнисмени им беа изречени тешки казни до 66 години затвор.

На протестот учествуваа и членови на семејствата на осудените во судскиот процес за „заговор против државата“, кој заврши по три рочишта, без завршни зборови или поднесоци.

Можете да прочитате

Зеленски: Средбата со Трамп во Ватикан би можела да биде историска

Папата погребан со едноставна церемонија во „Санта Марија Маџоре“

Најмалку 195 луѓе се повредени при експлозијата во иранското пристаниште Шахид Раџаи