Утрински Весник
Македонија

АНТИЦИКЛОН И СТАБИЛНО ВРЕМЕ: До крајот на неделава суво и сончево во Македонија, наутро студено и со магла!

Meteoalarm.mk 30.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна  и сува воздушна маса, до крајот на оваа недела времето во Македонија ќе се задржи стабилно, суво и сончево, повремено со мала до умерена локална облачност. Ќе биде претежно тивко, а во утринските часови по котлините  и по речните долини ќе има појава на магла  и на ниска облачност.

Во Скопје и околината исто така, до крајот на оваа недела времето ќе биде стабилно, суво и сончево, со мала локална облачност. Ќе биде претежно тивко, а во утринските часови ќе има појава на магла или на ниска облачност.

Што се однесува до температурите, наутро останува студено, со минимални температури, кои понекаде, особено во Беровскиот регион, како и на високите места  и на планините ќе се спуштаат за некој степен под нулата, а на повеќето места тие ќе се спуштаат до околу, или под 5 степени.

Максималните дневни температури, до четврток ќе бидат малку повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени, додека потоа ќе бележат тенденција на пад за неколку степени и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени. Во Скопје  температурата наутро ќе се спушта во интервалот помеѓу 5  и 7 степени, додека максималната температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 21  и 23 степени.

Можете да прочитате

Современ инкубатор за кумановската општа болница

“Лидл“ заинтересиран да отвори маркети на две локации во Штип

Средба на Муцунски со Директорот на Транспортната Заедница со седиште во Белград,  Матеј Закоњшек