Утрински Весник
Свет

АНСА: Мелони одигра главна улога во посредувањето со Орбан во врска со помошта за Украина

Meloni 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Италијанската премиерка Џорџиа Мелони одигра „клучна улога“ во посредувањето со унгарскиот премиер Виктор Орбан, што доведе до тоа Будимпешта да се откаже од ветото против новиот пакет помош од ЕУ во вредност од 50 милијарди евра за Украина, соопшти кабинетот на Мелони.

Мелони, наводно, разговарал со Орбан двапати лице в лице пред почетокот на самитот – во текот на ноќта и рано утринава, јавува АНСА, повикувајќи се на неименувани извори. Агенцијата додава дека кабинетот на италијанскиот премиер е „многу задоволен“ што договорот е постигнат едногласно на вонредниот самит на ЕУ, бидејќи тоа „не се очекувало“.

Сите 27 лидери постигнаа договор за дополнителен пакет поддршка за Украина од 50 милијарди евра, во рамките на буџетот на ЕУ, објави претходно денеска претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

„Имаме договор“, изјави Мишел на социјалната мрежа Х. Лидерите на ЕУ на тој начин успеаја да го надминат противењето на Унгарија за давање финансиска помош за Украина. Унгарскиот премиер Виктор Орбан претходно изјави дека Унгарија е подготвена да учествува во одлуката на ЕУ да и пружи помош на Украина, но со гаранции дека секоја година ќе се одлучува дали ќе се издвојуваат пари за нова помош или не. Орбан стави вето на помошта од 50 милијарди евра за Украина на претходниот самит на Европскиот совет, одржан во средината на декември

Можете да прочитате

Естонија: Руски граничари влегоа на наша територија

Рим размислува за влезница од две евра за Фонтаната Треви

Мелони: Најголемиот непријател на ЕУ е сопствената неодлучност