Утрински Весник
Свет

Анкета: За Данците САД се поголема закана од Северна Кореја и Иран

20250131090131 Big 730x400 88.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Речиси половина од Данците сега сметаат дека САД се значителна закана за нивната земја и огромно мнозинство се против тоа Гренланд да стане дел од САД, покажа нова анкета.

Истражување на ЈуГов (YouGov), споделено исклучиво со „Гардијан‘, доаѓа по неколкунеделни тензии меѓу Данска, Гренланд и САД поради изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека планира да ја преземе контролата врз автономната територија, која е дел од данското кралство.


Арктичкиот остров, кој има 57.000 жители, порано беше управуван како колонија од Данска, која продолжува да ја контролира надворешната и безбедносна политика. Интересот на Трамп за Гренланд доаѓа во време кога се поголем замав зема движењето за независност на островот.

Анкетата во која учествувале малку повеќе од 1.000 луѓе во Данска, спроведена помеѓу 15 и 22 јануари, покажа дека 46 отсто сметаат дека САД се или „многу голема закана“ или „прилично голема закана“ за Данска.

Тоа е повеќе од бројот на оние кои рекле дека сметаат дека Северна Кореја или Иран се закана. Повеќе испитаници ја сметаат Москва за закана, односно 86 отсто од анкетираните.

Од анкетираните, 78 отсто рекле дека би се спротивставиле на продажбата на Гренланд на САД, но 72 отсто рекле дека конечната одлука треба да биде на Гренланд, а не на Данска.

Резултатите доаѓаат во неделата во која данската премиерка Мете Фредериксен ги посети Берлин, Париз и Брисел за да ја зајакне поддршката по заканите на Трамп за Гренланд.

Можете да прочитате

Во Русија разбиена мрежа на печатници кои фалсификувале пасоши и други документи

Јапонија планира рекорден буџет за одбрана во услови на големи тензии со Кина

Папа Лав Четиринаесетти: Доста беше војна во Украина, сега Москва и Киев нека разговараат