Утрински Весник
Македонија

Ангелов за својот нов коалиционен партнер: Не е патриотизам ако мафтате со сонцето од Кутлеш, а притоа ништо не правите за својот народ

Stojance05 Scaled.jpg

„Тие цело време зборуваат за патриотизам, но патриотизмот на ВМРО-ДПМНЕ е фолклорен патриотизам. Не е патриотизам ако вие вашата куќа ја наредите со ѕвездата од Кутлеш. Не е патриотизам ако мафтате со знамиња, а притоа ништо не правите за својот народ“ рече своевремено Стојанче Ангелов за ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека вистински патриотизам е тоа што го прави Владата предводена од СДСМ, односно економскиот патриотизам.

Сепак, сега Ангелов со неговата партија, Достоинство, влегува во коалиција со тие што ги нарекуваше лажни патриоти кои не прават ништо за својот народ.

Можете да прочитате

Забранета водата за пиење во четири струмички села – откриени бактерии и фекално загадување

Петковска: Во 2025 година 66 отсто од пресудите не биле јавно објавени

Петковска: Поврзувањето на првиот човек на ОЈО ГОКК со партија ја поткопува довербата