Се урна дел од потпорниот ѕид на улицата Белградска кој е воедно и ограда на клиничкиот центар Мајка Тереза кај паркингот кај детската клиника. Токму за овој ѕид пред година и пол алармираше Стојачне Ангелов дека е накосен и дека ќе падне. Причинита е притисокот од улицата но главниот проблем е заради водите кои надоаѓаат од водно и кои наместо да течат под него во систем од цевки течат и притискаат на самиот потпорен ѕид и полека го туркаат.
“Јас сметам дека овој ѕид има опасност да падне овде додека зборуваме. Веројатно бе бевме сфатени сериозно кога уште пред година и половина алармиравме за тоа што може да се случи овде. Не е проблем доколку ѕидот се докрши и падне бидејќи од другата страна нема ништо, но може да има проблем доколку од другата страна на улицата во моментот се движи автомобил и падне заедно со ѕидот, па може некој да загине”, изјави Ангелов.
За да не се случи поголема трагедија укажувањето е улицата привремено да се затвори во едната насока за да не се поминува со возилата до самата ограда каде и асфалтот е најоштетен и пропаднат.
Во изминатиот период од кога прв пат укажале дека ѕидот има опасност да падне досега од ЦУК упатиле писма до дваесетина институции и секаде топката за тоа кој е надлежен ја отфлале од себе.
Од Град Скопје пак тврдат дека тие немаа никаква надлежност. Според нив за оградата, надлежноста е на клинички центар односно на министерството за здравство, а улицата Белградска е во надлежност и сопственост на општина Центар додека само одржувањето е преземено од градот но не и градежни активности на улицата.
Извор: Канал 5