Утрински Весник
Економија

Ангелоски на дводневен регионален инвестициски форум во Јахорина

20241111195405 Big 730x400 16.webp.webp

Претседателот на Сојузот на стопански комори Трајан Ангелоски, денеска и утре, ќе учествува на регионален инвестициски форум во „Инвест Српскa” што ќе се одржи во Јахорина.

Форумот се одржува во организација на Инвестициско-развојната банка на Република Српска, во соработка со Владата на Република Српска и со поддршка на претседателот на Република Српска, Милорад Додиќ.

На форумот, како што соопшти Сојузот на стопански комори на Македонија, ќе присуствуваат истакнати претставници на домашни и меѓународни институции, меѓу кои и министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, претставници од бизнис секторот, претставници од коморите како клучен сегмент во поврзувањето на бизнис секторот…

За време на конференцијата, дискусиите ќе се фокусираат на актуелните глобални настани и нивните влијанија врз домашните социо-економски трендови, модалитетите за промовирање на извозот и инвестициите.

– На форумот ќе бидат презентирани конкретни понуди за инвестирање во Република Српска, од јавен проект до инвестиции во деловни и индустриски зони, деловни врски меѓу меѓународни компании и компании од Република Српска преку B2B средби, кои се дополнителна можност за извоз кој е клучен фактор за одржлив економски раст и подобрување на конкурентноста на економијата, да ги поврземе инвеститорите и експертите од различни сектори се нови можности за развој и раст, кои се главна заложба на Сојузот на стопански комори, вели Ангелоски.

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија