Утрински Весник
Економија

Јаневски: Време е туризмот да го заземе своето заслужено место во економиите

Slika 1 Janevski .jpg

На овогодишниот седми по ред Јахорина Економски форум кој се одржува од 14-16.05.2024 година под насов “Западниот Балкан – долгорочни правци за неговиот развој„ .Д-р Љупчо Јаневски зема учество на панелот „ Развојот на туристичката дестинација и менаџмент во туризмот „ каде модератор е Марко Радиќ Туристичка организација на Република Српска ,заедно со министер на Сојузното Министерство за животна средина и туризам БИХ г-ѓа Насиха Поздер, министер за трговија и туризам на Република Српска Денис Шулиќ, директор на Аграрниот фонд на град Требиње Веселин Дутина, и Марија Миладиновиќ Пешиќ основач на Консултантска агенција за хотелски менаџмент „Key Hospitality”.

“Туризмот во 2023 година во земјите од регионот ги надминаа резултатите во Европа споредбено со 2019 година и преставува една од ретките економски гранки на државно ниво кои имаат раст во земјите од Западниот Балкан и крајно време е да се третираа како една туристичка дестинација која брои повеќе од 18 милиони луѓе. Секоја земја во туризмот се базира на 40 до 50% регионални гости и потребно е патувањата помеѓу себе да бидат побрзи и уште подобро инфраструктурно поврзани со авионски линиии и директни автобуски линии. Потребно е да изградиме јаки регионални туроператори и реархитектуираме туристичката индустрија доволно прилагодлива на новата туристичка реалност и барања на туристите.

Време е туризмот да го заземе своето заслужено место во економиите на западниот Балкан“, истакна Јаневски на панелот

Преку динамични и висококвалитетни дискусии и интеракција помеѓу јавниот и приватниот сектор Форумот донесе заклучоци кои се од суштинско значење за носителите на одлуки. Овие заклучоци не само што даваат увид во моменталната состојба на регионалната економска клима, туку даваат и клучни насоки за подобрување на политиките кои дополнително ќе ја обликуваат иднината на регионалните економии. Присуството на форумот е повеќе од 600 учесници од 15 земји ,што дополнително со сите присутни чинители градат мостови помеѓу теоријата и практиката, препораките и заложбите од процесот на пристапување во ЕУ, се создаваат иновативни решенија кои ја обликуваат одржлива економска иднина. Форумот допридонесува за важен дијалог кој има далекусежно влијание врз заедничка економска перспектива и зачењето за идните правци на економиите и соработката на земјите од Балканот и овој дел на Европа.

Можете да прочитате

Во 2022 година околу половина од вкупниот извоз и увоз направен од првите 50 претпријатија

Еве кога ќе се исплатат мајските пензии

За една година трошоците за живот се зголемиле за 200 евра