Утрински Весник
Скопје

Јаневски: Руралниот дел од Ѓорче Петров ќе биде простор за еко-туризам и мали винарии

Janevskisastav.png

Во интервју за 24инфо.мк независниот кандидат за градоначалник на Ѓорче Петров, поддржан од коалицијата ЛДП/ГРОМ, Љупчо Јаневски – Састав го најави својот концепт за развој на општината.

„Мојата визија е Ѓорче Петров да биде развиено со мали бизниси, а руралниот дел како Стопански двор, Кучково, Грачани, Орман да биде полн со еко туристички капацитети, мали винарии и селски домаќинства“ вели Јаневски.


Според него во тој предел на општината постојат сите предуслови да се изградат мали семејни винарии, туристички комплекси, но и цели селски домаќинства со сместувачки капацитети што ќе значи збогатување на туристичката понуда не само на Ѓорче Петров, туку и на Скопје.

„Тоа според мене е рецептот по кој Ѓорче може и треба да се развива, рецептот што ќе ги задржи младите тука, но истовремено ќе привлече и млади претприемачи од други општини, градови, па зошто да не и други држави“ посочи Јаневски.

Можете да прочитате

Две угинати кучиња во Кисела Вода, сомнеж за намерно труење

Традиционален планинарски марш на Водно за Денот на европското знаме

Утре, традиционален планинарски марш на Водно