Утрински Весник
Македонија

Јаневска: Поради иселувањата имаме вишок наставници

Vesna Janevska Vesna Janevska 1 1.jpg

Министерката за образование, Весна Јаневска пред настанот „Образование водено од реалните потреби на учениците – паметно инвестирање во наставниот кадар и инфраструктура“ рече дека со масовното иселување од државата се појавува вишок на наставници, кои треба да ги направиме функционални, иако според неа неможе да биде еден наставник вишок.

На новинарско прашање за централизацијата на училиштата и дали тоа значи дека ќе се појават вишок професори, Јаневска кажа дека Владата во предизборната програма направи стратегија како наставниците кои ги имаме да ги направиме функционални за да останат во образованиот процес.

„Стратегијата е едносменското работење, подолгиот престој на учениците и настаниците, како и целодневната настава која се покажала како многу ефикасна во повеќе земји. Кога ќе направиме нормални паралелки, а не класови од по 10, 15 ученици, туку, да речеме ќе ги сведеме на 20, наставникот што е вишок ќе продолжи да работи во втората половина на денот според програмата која опфаќа многу додатни предмети, изборни, воннаставни активности, работа со талентирани деца. Идејата е целиот фонд на наставници да го искористиме за учениците да добиваат подобри знаења“, рече таа.

Јаневска кажа дека е познато оти одредени институции во државата имаат слаби човечки капацитети, дека Бирото за развој на образование, Државниот просветен инспекторат, Државниот испитен центар и Центарот за средно стручно образование имаат потреба од искусни сериозни луѓе.

„Откако ќе направиме мали измени во законите, ќе им понудиме на наставниците да се префрлат во овие институции за да можат да дадат свој инпакт на образованието, односно да го пренесат своето искуство и знаење на оние наставници на кои што им требаат обуки и помош. Крајниот продукт е ученик со соодветни знаења на истата возраст како децата од Европска унија. Да, процесот е огромен, процесот е комплициран, но заедно со нашите странски партнери имаме енергија и волја да направиме нешто за да се подобри целокупното образование на нашите ученици. Оптимизацијата, формулата за финансирање, инфраструктурните промени се дел од овој процес“, изјави Јаневска, додавајќи дека овој процес не може да се направи за два, три или пет месеци и дека не брзаат.

За проектот „Оптимизција на училиштата“ во соработка со УНИЦЕФ и Светска банка, министерката рече дека конкретно, тоа значи училиштата кои имаат два, пет, седум, 10 ученици ќе треба учениците да се припојат на централните училишта каде што има повеќе ученици.

„Зошто? За да имаат бенефит од образованиот систем. Прво ќе се социјализираат со ученици од своја возраст, ќе се сместат во подобри инфраструктурни услови, ќе имаат на користење подобри информатичко-технолошки средства, ќе имаат поголем број различни наставници, ќе се издвојат од сопствената средина од којашто се заробени по цел ден и ќе се дружат со деца со кои ќе може да развијат компетитивни способности. тоа значи дека очекуваме овој процес да им овозможи на учениците стекнување на подобри знаења и вештини“, рече министерката.

Досега со помош на УНИЦЕФ и Светска банка направена е оптимизација во 10 општини, следниот проект се уште 20 општини. Процесот се одвива во соработка со локалната самоуправа, со директорите на училиштата, наставниците, родителите.

Можете да прочитате

Филипче: Очекувам Мицкоски да ми се извини јавно за лагите за имотниот лист

СДСМ: ДПМНЕ штанца лаги за пренасочување на вниманието од скандалите на власта 

Дисциплински постапки против шест полициски службеници за пропусти за случајот со свадбата на Гаши во Косово