Утрински Весник
Македонија

Јаневска на Самит на министри за образование во Будимпешта

Janevska.jpg

Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе учествува на Самит на министри за образование, иновации и култура на земјите од Западен Балкан и Унгарија, што се одржува денеска и утре во Будимпешта.

Јаневска ќе се обрати на две панел дискусии посветени на важноста и можностите за продлабочување на соработката меѓу земјите од Западен Балкан во областа на образованието и иновациите, како и зајакнување на релациите помеѓу регионот и Унгарија, најави Министерството за обарзование и наука.


Министерката ќе се сретне и со раководството на унгарскиот одбор за акредитација на високото образование, а ќе го посети и Лекторатот по македонски јазик на Универзитетот ЕЛТЕ.

Можете да прочитате

МВР распиша оглас за прием на 200 ученици во Средното полициско училиште „7-ми Мај“

Невреме повторно се заканува: Попладне дожд, грмежи и град низ Македонија

Без нови рудници нема кој да ги замени старите