Утрински Весник
Македонија

Јаневска најави К-15 за вработените во образованието до крајот на месецот

Denari Pari.jpg

Исплатата на регресот за годишен одмор или К-15 за вработените во образовните институции ќе се случи во текот на овој месец, информираше денеска од Штип, министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Што значи до 31 декември секако ќе биде завршена исплатата на К-15, вели Јаневска.

Прашана дали ќе има промена на датумите за зимскиот распуст за учениците во основните и средни училишта, Јаневска со дециден одговор дека нема промена, односно учениците со одмор почнуваат од 1 јануари, а распуст завршува на 18 јануари, со што на настава учениците и професорите почнуваат од 20 јануари, во понеделник.

Можете да прочитате

ДУИ: На Воената академија – 0 кадети Албанци

Левица: Игнорантниот Мицкоски прашува „Каде има корупција?!” – Рокас му одговара: Во вашата васт, премиере!

Платформата 12:05 бара државен план за Македонија да се приклучи кон Албанија и Црна Гора на патот кон ЕУ