Утрински Весник
Македонија

Јаневска: Историјата повторно ќе биде посебен предмет

Vesna Janevska Vesna Janevska 1 1.jpg

Подолга целодневна настава во училиштата и воведување едносменска настава ќе биде еден од првите приоритети на новата министерка за образование, Весна Јаневска. Во текот на летото ќе посетуваат училишта да ја видат реалната слика каде може да се воведе овој начин на учење, барем до четврто одделение. Ќе им се наоѓаат активности на учениците во продолжената целодневна настава, а програмите веќе се подготвуваат.

Историја, географија и граѓанско образование учениците повторно ќе ги учат како посебни предмети. Нацрт концепцијата на поранешната министерска Царовска, ќе ја измени, но добрите работи ќе ги остават. Готовата измененета концепција со нови учебници би требало да е финиширана во учебната 2025/26 година.

Една од првите реформи на новата министерка, е нов е-дневник каде нема да можат да се бришат изостаноци, но ниту да се менуваат оцени што беше пракса изминатиов период. Системот е во фаза на тестирање.

За нов колективен договор за вработените во образовниот процес крајниот рок е и крајот на мандатот на Јаневска, а за зголемување на оброкот за студентите ќе се чека ребаланс на буџетот.

Можете да прочитате

Ужас во Делчево: Малолетник обљубил 17годишно девојче

Во моментов заседава Советот за безбедност

Малолетник најавил самоубиство на социјалните мрежи – полицијата реагираше навреме и спречи трагедија