Утрински Весник
Македонија

Арбен Фетаи назначен за специјален пратеник за ЕУ

Arben fetai.jpg

Поранешниот вицепремиер за добро владеење Арбен Фетаи денеска во објава на Фејсбук соопшти дека Владата на вчерашната седница го назначила за специјален пратеник за Европската Унија, со седиште во Брисел.

Фетаи во напишаното им заблагодарува на Владата и на премиерот Христијан Мицкоски за укажаната доверба, посочувајќи дека доделувањето на ваквата функцијата му претставува голема чест, но уште поголема одговорност.

„По долгата кариера во Брисел и стекнатото искуство во Владата на Република Северна Македонија, каде што ја покажав посветеноста на европската перспектива на земјата, ја преземам оваа позиција со целосно убедување дека иднината на Северна Македонија е во ЕУ. Задачата што ми е доверена е да се ангажирам во унапредувањето на процесот на европска интеграција на нашата земја, зајакнување на политичката поддршка во институциите на Европската Унија и земјите членки, придонес кон надминување на политичките и дипломатските предизвици и зајакнување на гласот на Северна Македонија во Брисел и европските престолнини“, објави Фетаи на социјалните мрежи.

Можете да прочитате

СДСМ: Има само една банда – ВМРО-ОКГ и нејзиниот шеф арамија Мицкоски

Пожарот во Шуто Оризари е подметнат – доаѓаат со тротинети, потураат течност, палат и си одат

Николоски: Економскиот напредок на Македонија во фокусот на соработката со Фондацијата Конрад Аденауер