Утрински Весник
Македонија

Јанев: Во време на тага, некои профитираат од болни и немоќни

484015303 951688120475049 7743135628609026060 n.jpg
Dik 300x250 mk

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, изјави дека директорот на Специјализираната болница за геријатрија „13 Ноември“ е осомничен дека примил поткуп од 20.000 евра за да овозможи сместување на болно и неподвижно лице во установата.

„Девастираниот систем мора да го вратиме и ќе го вратиме во функција. За жал, кога сѐ уште владее национална тага, некои поединци се осмелуваат нелегално да профитираат“, изјави Јанев.


Приведени се две лица – директорот на установата и уште едно лице кое посредувало во примањето на поткупот.

Акцијата е реализирана во координација со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

„Продолжуваме посветено да делуваме во насока на расчистување на корупцијата и организираниот криминал. Придонесуваме за обезбедување на правдата и правични и транспарентни институции. Не дозволуваме и нема да дозволиме ваквите случаи да останат неказнети“, додаде Јанев.

Можете да прочитате

Драма во Охрид: Заталкано зрно од огнено оружје оштетило тераса

Доколку утре има парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе освои над 60 пратеници, порача Манасиевски

Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор изборен круг, Владата итно да прогласи вонредна состојба