Утрински Весник
Магазин

Јане Славов со моќен проект: Преработка на најголемите румба хитови на Џипси Кингс во соработка со Алерт Бенд

Alert so sesiri za najava.jpg

Еден од најхаризматичните млади вокали на нашата сцена, Јане Славов, заедно со енергичните музичари од Алерт Бенд, создадоа специјално видео со преработки на најголемите хитови на „кралевите на румбата” – Џипси Кингс. Наместо класичен настап, тимот изработи динамична видео-компилација во која низ еден кадар и еден концепт оживуваат најпознатите румба теми.

– Латино делот секогаш носи посебна енергија и вибрација на забавите. Го вметнуваме во нашиот репертоар на речиси сите настапи, од клубови до свадби и секогаш добиваме одлични реакции од публиката. Токму затоа решивме овој пат да снимиме нешто поразлично и да избереме латино микс составен од неколку светски познати хитови, главно од Џипси Кингс. Овие песни кај нас се пеат исто како балкански, па со овој проект сакаме уште повеќе да го доближиме латино-вајбот до македонската публика и да понудиме свежа енергија за сите идни свадби и настани, вели Јане Славов.

Песните ја задржуваат автентичната румба енергија на „Џипси Кингс”, но добиваат современо звучно руво, со микс и мастер од Томислав Димовски. Визуелниот дел дополнително ја збогатува атмосферата: видеото е снимено во мексикански ресторан во Неготино, во топол, колоритен амбиент што природно ја надополнува темата на музиката, а режијата и концептот се дело на Виктор Апостоловски.

Проектот претставува свежа, модерна интерпретација на безвременските румба класици – видео кое спојува емоција, ритам, сценски шарм и почит кон оригиналите.

Можете да прочитате

Денес очекувајте флерт што ќе започне ненадејно: Дневен хороскоп (09.12.2025)

На овој начин секогаш ќе знаете кој стои зад непознат број на Viber – 5 златни трикови

Истанбул ја освои Златната награда за најпосакуван европски град од Wanderlust Reader Travel Awards