Утрински Весник
Спорт

Андреа Пирло ќе биде нов тренер на Сампдорија

Андреа Пирло ќе биде нов тренер на Сампдорија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Андреа Пирло се враќа во Италија каде пронајде нов ангажман. Легендата на италијанскиот фудбал ја прифати понудата да биде нов тренер на Сампдорија, клубот кој оваа сезона испадна од Серија А.

dobivaj vesti na viber

Ова е негов трет тренерски ангажман во кариерата откако го предводеше Јувентус, а потоа и турскиот Караѓумрук. Тој потпишал двегодишен договор со клубот со можност за продолжување за уште една дополнителна сезона.

Пирло доби отказ во Турција кон крајот на сезоната. Вкупно, турскиот клуб го водеше на 31 натпревар и имаше сооднос од девет победи и по 11 нерешени резултати и порази.

Можете да прочитате

И покрај поразот во Ларнака, Шкендија продолжува во Европа

Лазаров го објави списокот за Европското првенство

Роналдо не гласаше за најдобар играч на сезоната на ФИФА