Утрински Весник
Македонија

Андоновски: Владата останува цврсто посветена на исполнување на европските критериуми

Andonovski.jpg

Владата останува цврсто посветена на исполнување на европските критериуми и на напредокот на државата, напиша попладнево на својот фејсбук профил министерот за информатичко општество и дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Според Андоновски, фокусот е јасен – европските стандарди дома, преку подобри јавни услуги, побрзи институции и транспарентни процеси.

– Саботата ја посветуваме на состанок за Реформската агенда. Владата останува цврсто посветена на исполнување на европските критериуми и на напредокот на државата, иако се соочуваме со наметнати билатерални пречки надвор од европската рамка. Фокусот е јасен: европските стандарди дома, преку подобри јавни услуги, побрзи институции и транспарентни процеси. Токму затоа силно ја туркаме агендата за дигитализација – интероперабилност меѓу институциите, современи е-услуги, електронски документи и дигитални решенија што го намалуваат бирократскиот товар и ги штедат времето и нервите на граѓаните и бизнисите. Ова не е формално усогласување, туку практична европеизација. Европските стандарди, квалитетните услуги и функционирањето на институциите се директно поврзани со критериумите на ЕУ за владеење на правото, конкурентност, јавна администрација и економска интеграција – наведува министерот.

Можете да прочитате

Врнежи од снег на повеќе места во Македонија

Во четири општини денес се гласа за градоначалник

Колку години треба да работите за да купите стан од 60 м²?