Утрински Весник
Свет

Автобус со речиси 50 луѓе се запали на автопат во Романија

Avtobus.jpg

Автобус со 47 луѓе се запали денеска на автопат во округот Мреш, во централна Романија. Возачот и патниците се евакуирани навреме при што немало повредени. Пожарот избувнал во близина на селото Шоромикле на делот од националниот автопат кога автобус со 47 лица ненадејно се запалил при движење.

На местот на инцидентот биле повикани две противпожарни екипи и едно возило на брза помош. Пожарот целосно го уништи возилото, а сообраќајот на патот во двата правци беше привремено блокиран.

Можете да прочитате

Отворена истрага против 24-годишниот напаѓач од Краков: Се товари за девет убиства со елементи на тероризам

Израелски министер: Нашата мисија во Иран не е завршена

Русија ги интензивира нападите, 250.000 Украинци без струја