Утрински Весник
Економија

Андонов: За 30 отсто зголемено домашното производство на електрична енергија

Андонов: За 30 отсто зголемено домашното производство на електрична енергија

На денешната прес-конференција соработникот за енергетика, Виктор Андонов, ги презентира најновите информации во врска со енергетската состојба во земјата.

dobivaj vesti na viber

Тој истакна дека во јануари, во екот на зимата, домашното производство на електрична енергија беше зголемено во однос на претходната година, стабилно и во целост ги задоволи потребите на граѓаните и малите потрошувачи.

„На почетокот на годината, по успешното монтирање на трансформаторот на Блокот 3 во РЕК ‘Битола’, првпат по долг временски период, беа ставени во функција сите домашни расположливи енергетски капацитети. Ова беше потврдено и со бројки, односно на 29 јануари 2023 година дневното производство од домашните производни капацитети изнесуваше 21.229 MWh електрична енергија, што претставува рекордно највисоко дневно производство во последните 10 години како резултат на посветената работа на нашите електроинженери и работници во енергетскиот сектор за што и претседателот на Владата неколкупати упати признанија и благодарност за нивниот вложен труд. Врз основа на податоците за јануари, можеме да заклучиме дека резултатите во однос на домашното производство на електрична енергија се повеќе од добри, впрочем ако во минатото било вообичаено да се увезува во овој период од годината, благодарение на зголеменото производство ЕСМ успеа целосно да ги задоволи потребите на домаќинствата, малите потрошувачи и дополнителните обврски за прехранбената индустрија, училиштата, водоснабдителните системи и други витални државни субјекти, дополнително беа продадени и вишоци електрична енергија. Во јануари вкупното домашно производство на електрична енергија изнесува 561.350 MWh електрична енергија во споредба со истиот месец претходната година кога производството на електрична енергија изнесуваше 434.189 MWh. Зголемувањето во јануари изнесува 29 % и е во согласност со планот за 2023 година, со кој се предвидува зголемување на годишното производство на електрична енергија за 20 % во однос на 2022 година“, рече Андонов.

Воедно, тој го презентира енергетскиот биланс за 1 февруари, кој покажува дека вкупното домашно производство на електрична енергија изнесува 19.172 Mwh, од кои 13.744 Mwh од термоелектраните, а 5.428 MWh од обновливи извори. Со ова производство целосно се задоволени потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални држави субјекти.

Можете да прочитате

Надворешен долг, побарувања и меѓународна инвестициска позиција во четвртото тримесечје од 2023 година

Одржана седница на Советот на Народната банка: Во вториот квартал од 2025 година стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот ќе остане 1,5%

Битиќи: На ВМРО-ДПМНЕ им е непријатно кога гледаат како платите растат