Утрински Весник
Економија

Андонов: Секој треба да направи мала промена во домот и работното место за да заштедиме струја

Андонов: Секој треба да направи мала промена во домот и работното место за да заштедиме струја

Државната администрација денес доби уште една честитка и благодарност за заштедената струја изминативе два месеца. Откако вчера ги пофали министерот за економија Крешник Бектеши, денеска на прес-конференција јавно им се заблагодари советникот за енергетика во Кабинетот на премиерот, Виктор Андонов. Со објаснување дека владините заложби за штедење струја не се само декларативни туку работат со факти, Андонов кажа дека втор месец по ред државните институции заштедуваат струја. Заштедата во месец октомври во споредба со истиот месец лани кај сите државни институции е 24 отсто, а заштедата во Владата 32 отсто.

dobivaj vesti na viber

„Сакам да се заблагодарам на сите колеги вработени во Владата и на сите вработени во државните институции кои покажаа висока свесност за состојбата. Бројките покажуваат резултати со заштеда втор месец по ред“, рече советникот Андонов и повика на рационално однесување и во следниот период.

„Овие заштеди се многу важни за да имаме стабилен енергетски систем и да ја намалиме оптовареноста. Посебно сега во услови на зима. Секој од нас е важна алка во овој процес. Секој од нас треба да направи мала промена во својот дом и на своето работно место. Да заштедиме електрична енергија што ќе значи многу за стабилноста на енергетскиот систем. Да погледнеме само како една Германија и останатите европски развиени земји се справуваат со кризата и ќе ни биде јасно дека ова што секојдневно го зборуваме е важен сегмент за ублажување на последиците од светската енергетска криза. Ова време бара рационално и сериозно однесување од сите“, рече советникот Андонов.

И тој, како и министерот Бектеши вчера уверуваше дека состојбата со електроенергетскиот систем е стабилна и покрај ремонтите во РЕК Битола И ТЕЦ Неготино.

Можете да прочитате

СДСМ најавува седумчасовен работен ден во три сектори од 2025

Битиќи: Во најмалку три сектори ќе се воведе 7-часовен работен ден

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството