Утрински Весник
Спорт

Анчелоти: Шпанскиот фудбал има голем проблем со расизмот

Анчелоти: Шпанскиот фудбал има голем проблем со расизмот

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти вели дека е невозможно да се обвинува Винисиус Жуниор за контроверзите при неделниот 1:0 пораз од Мајорка, и дека шпанскиот фудбал мора да се соочи дека има проблем со расиззмот.

dobivaj vesti na viber

Шпанската Ла лига отвори истрага за наводните расистички навреди кон Винисиус од навивач на Мајорка, последен од низата инциденти околу бразилската ѕвезда. Минатиот месец, навивачи на градските ривали Атлетико Мадрид, обесија кукла со дресот на Винисиус на еден мост во Мадрид со порака: „Мадрид го мрази Реал“. Претходно во декември, Вини го обвини претседателот на Ла лига, Хавиер Тебас дека не прави ништо во борбата против расизмот откако беше навредуван од навивачи на Атлетико.

Пред утрешниот меч со египетскиот Ал-Ахли на Светското клупско првенство, Анчелоти застана во одбрана на Винисиус.

„Ќе ве прашам: Каде е проблемот? Винисиус? Соиграчите на Винисиус? Тој треба да се брани? Од што? Навистина не знам. Ви изгледа дека проблемот е во Винисиус, но проблем е тоа што се случува околу него. Точка. Тоа е проблем на шпанскиот фудбал. Јас сум дел од шпанскиот фудбал и мислам дека тоа е проблем кој мора да се реши. Винисиус не е престапникот во овој случај, тој е жртвата“, вели Анчелоти.

„Никогаш нема да имате пари како мене, ќе треба да најдете работа“

Можете да прочитате

Зидан и Баерн се пред крај со преговорите за отпочнување на четиригодишна соработка

Над три милиони луѓе во салите ги следеа натпреварите од регуларниот дел од Евролигата

Италија го обезбеди петтото место во Лигата на шампионите