Утрински Весник
Спорт

Анчелоти по поразот од Милан: Нашите проблеми не се индивидуални, туку тимски

20241104172359 Big 730x400 16.webp.webp

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, по синоќешниот пораз (1:3) од Милан проговори за проблемите на тимот.

-Треба да бидеме загрижени бидејќи тимот не игра добро на последните натпревари. Ни недостига цврстина. Факт е дека се браниме слабо, тимот не е доволно компактен. Мора да бидеме покомпактни, порационални. Нашата моментална ситуација не е индивидуален, туку тимски проблем. Не ја покажуваме најдобрата верзија од себе. Мораме да ја најдеме за да се бориме за сите трофеи, изјави Анчелоти за „Movistar“.

По вториот пораз сезонава во Лигата на шампионите, Реал се наоѓа на 17.место со шест освоени бода.

Милан е 18-ти исто така со шест бода од четири натпревари.

Можете да прочитате

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила