Утрински Весник
Економија

Еве каде можат да се подигнат ваучерите за инвертери

Klima.jpg

Министерството за енергетика вчера го објави списокот на локации каде ќе може да се подигнат ваучерите. Во речиси сите места тие ќе се доделуваат во Центрите за вработување, освен во Битола, каде што пунктот е сместен во Спортската сала „Боро Чурлевски“.

Во Скопје пунктот е сместен во Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Листата на општини со локација и време за подигнување на потврда-ваучер за купување и вградување на високоефикасни инвертер клима уреди може да се најде на следниот ЛИНК.

Од истата интеренет страница има и линкови до списоците за лицата кои што се квалификувале за добивање ваучери за инвертер клима уреди.

Од Министерството за енергетика посочуваат дека сите подносители на барања кои ги нема на списоците се недобитни поради исцрпување на средствата предвидени за спроведување на овие програми, некомплетна документација, надминување на временски зададениот рок за поднесување на барање.

Можете да прочитате

Цените на нафтата се пратија на нивото под 100 долари за барел

Цените на нафтата експлодираа, ИЕА апелира до секоја земја да ослободи дел од своите резерви

Цената на дизелот во Македонија со најголем раст споредено со земјите во регионот