Утрински Весник
Македонија

АМСМ: На „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу 30 минути

Tabanovce.jpg

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини „Табановце” и „Богородица” за влез и излез од државата се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.

Можете да прочитате

Вечерва разбојништо во Ново Лисиче: Со пиштол нападнати вработени во аптека

Пронајдена 23-годишната велешанка и нејзината 2-годишна ќерка

Средба на претседателот на Собранието, Гаши со новиот бугарски амбасадор Радуков