Поранешната фудбалерка на Пари Сен-Жермен, Амината Дијало, повторно е уапсена во Франција откако полицијата ја продолжи истрагата за нападот на нејзината поранешна колешка Кеира Хамрауи минатиот ноември.
Хамрауи беше извлечена од нејзиниот автомобил од двајца маскирани мажи и нападната со челични шипки во моментите кога се враќаше дома од тимски ручек во автомобил со кој управувала Дијало. Веднаш потоа полицијата ја уапси 27-годишната Дијало со сомнежи дека го организирала нападот за да има подобри шанси да влезе во првиот тим на ПСЖ, но подоцна беше ослободена без обвиненија. Дијало си замина од ПСЖ на крајот на сезоната и се пензионира од фудбалот.
32-годишната Хамрауи заврши во болница и им се врати на тренинзите оваа година. Таа уште има договор со францускиот клуб, но нема настап оваа сезона.
Инцидентот предизвика и поинакви реперкусии кога во Шпанија се тврдеше дека Хамрауи била во врска со поранешниот фудбалер на Барселона, Ерик Абидал, кој подоцна се разведе од својата сопруга.
Абидал бил во врска со нападнатата фудбалерка на ПСЖ?