Утрински Весник
Свет

Путин до Западот: Нема да дочекате распад на Русија

Ss2

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска, по завршувањето на самитот на Шангајската организација за соработка, одговараше на актуелните прашања на новинарите.

dobivaj vesti na viber

„Со децении Западот ја негува идејата за распаѓање на Русија“, рече Путин.

Img 5587

„Западот нема да чека распад на Русија“, додаде рускиот претседател.

Тој рече дека Западот се обидел да создаде „антируска енклава во Украина со цел да ја собори Русија“. За да се спречи тоа, беше почната специјална воена операција, додаде тој.

„Русија засега воздржано одговара на украинските напади врз нејзината инфраструктура и терористичките напади во Киев“, изјави рускиот лидер, пренесува РТРС.

Во врска со контраофанзивата на Киев, Путин рече: „Ќе видиме како ќе заврши“.

За да се одржи средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски, Киев мора да се согласи на преговори.

„Ердоган предлага средба со Зеленски мислејќи дека таа може да има позитивен резултат“, рече Путин.

„Киев не сака преговори, туку сака да ги решава проблемите со воени средства – продолжи“, рече Путин.

Тој исто така додаде дека основната цел на руската агресија или, како што вели, специјалните воени операции, е ослободување на Донбас.

„Руската офанзива во Донбас не запира, но не брзаме“, рече Путин, пренесуваат медиумите.

Ss1

Можете да прочитате

Блинкен му повторил на Нетанјаху дека САД се уште се против воена операција во Рафах

Непознати лица се обиделе да запалат синагога во Варшава

Американскиот Сенат едногласно усвои закон со кој се забранува увоз на руски ураниум