
Централната команда на Соединетите Американски Држави (CENTCOM) денес објави дека го завршила најновиот бран напади врз воени цели во Иран.
Како што е наведено во соопштението на X, за време на петчасовната операција, воени цели беа погодени на повеќе локации во Иран, вклучувајќи ги Бушер, Чабахар, Јаск, Конарак, Абу Муса и Бандар Абас, со цел дополнително да се ослабат капацитетите на Иран за напад врз комерцијални бродови.
ЦЕНТКОМ соопшти дека американските сили користеле прецизно водечка муниција за да ги таргетираат иранските крајбрежни одбранбени системи, ракети и беспилотни летала, како и поморските капацитети. Според американската војска, повеќе од 50.000 американски воени лица моментално се распоредени низ целиот Блиски Исток.
ЦЕНТКОМ синоќа објави дека третата ноќ по ред воздушни напади врз Иран започнала во 22:45 часот по централноевропско време, а по наредба на врховниот командант, американскиот претседател Доналд Трамп. Трамп официјално го известил Конгресот дека непријателствата меѓу Вашингтон и Техеран се обновени, објави Политико.
Американскиот портал видел писмо до пратениците испратено во петок, 10 јули, во кое Трамп ги информира дека американските сили извршиле напади врз цели во Исламската Република на 7 јули во согласност со неговата „одговорност да ги заштити Американците и американските интереси и дома и во странство“. САД оттогаш започнаа неколку бранови напади врз Иран.
ЦЕНТКОМ соопшти дека нападите се одговор на иранските напади врз комерцијалниот брод во Ормутскиот теснец.


