Утрински Весник
Свет

Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд

A38767bd Fb76 4547 9a0e 46de9e28f01b.jpg

Научниците на НАСА забележале „одамна изгубен град“ под слој мраз од 30 метри. Кампот Century, отворен во 1959 година во северозападниот дел на Гренланд, беше незавршена тајна локација за лансирање на балистички ракети наменети да стигнат до Советскиот Сојуз.

Мразот почна да прави проблеми, па Американците се откажаа од проектот. Кампот беше напуштен пред 58 години и падна во заборав. Тоа беше се додека научникот на НАСА, Чад Грин, со помош на Алекс Гарднер, не прелета над Гренланд во април оваа година за да ги мапира ледените плочи и да го процени идниот пораст на нивото на морето. Случајно забележале камп на радарот, иако на почетокот не знаеле што е тоа.

Иако присуството на базата е познато со години, НАСА соопшти дека новото мапирање ги прикажува структурите „на начин на кој не биле видени досега“. Официјално, кампот Century беше создаден за да ги тестира градежните техники под мразот, но вистинскиот план беше строго таен – да се создаде скриена локација за лансирање во случај на конфликт со Советскиот Сојуз.

Беше напуштен во 1966 година, но она што САД го оставија зад себе – околу 200.000 литри дизел гориво и отпадни води – предизвика спор околу неговото чистење. Гренланд претходно ја повика Данска да преземе одговорност, тврдејќи дека Данците го потпишале оригиналниот договор.

При крајот на неговиот прв мандат, новоизбраниот претседател Доналд Трамп изјави дека е заинтересиран да го купи Гренланд од Данска, опишувајќи го како „во суштина голема зделка за недвижнини“. Како што се топи ледената покривка на Гренланд, може да се најдат злато, рубини, дијаманти, бакар, мермер и нафта.

Топењето значи дека досега недостапните извори на енергија и минерали сега се подостапни, но зголемувањето на нивото на морето претставува зголемен ризик за крајбрежните заедници ширум светот.

Можете да прочитате

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“

Истражување: Загадувањето на воздухот од пожари е поврзано со 1,5 милиони смртни случаи годишно

Голем руски напад врз украинските електрани, експлозии низ целата земја