Утрински Весник
Свет

Американка се обидела да изнајми маж да и го убие синот

Американка се обидела да изнајми маж да и го убие синот

18-годишната Јазмин Паез од Мајами е обвинета дека оваа недела се обидела да изнајми платен убиец да го убие нејзиниот 3-годишен син.

dobivaj vesti na viber

Инспекторите рекоа дека во вторникот биле контактирани од маж кој води лажна веб-страница за најмување убијци за да извести дека една жена контактирала со операторот за да договори убиство на нејзиното дете, пренесува Си-би-ес.

Според полицијата, основачот на веб-сајтот ја создал страницата за да ги фати и запре оние кои сакаат да ангажираат убиец. Полицијата соопшти дека осомничената ја дала адресата и фотографијата на детето за да му ја олесни работата на убиецот.

Полицијата ја проверила веродостојноста на информациите на администраторот на веб-страницата и ја уапсила младата мајка. Според истражителите, жената побарала работата да биде завршена до четврток. Таа побарала нејзиното дете да биде однесено некаде подалеку и да се убие што е можно поскоро.

Полицијата ја следела IP-адресата на компјутерот што 18-годишната жена го користела за испраќање барања до лажната веб-страница. Полицијата отишла на домашната адреса каде го користела компјутерот, а разговарале со бабата на детето. Полицијата го пронашла момчето живо и здраво во куќата.

Инспекторите потоа се претставиле како најмени убијци и разговарале со мајката на детето, која го потврдила барањето и се согласила да плати 3.000 долари за убиството на нејзиниот син. После тоа, Паез е уапсена.

На инспекторите им кажала дека била во романтична врска со личност на која не и се допаѓала да има дете и дека раскинале поради тоа, пишува Си-ен-ен. Паез се појави на суд во средата и доби правно застапување преку канцеларијата на јавниот бранител.

Можете да прочитате

Завршија преговорите, Русија има нереални барања обвинуваат Украинците

ОАЕ ќе вложи 800 милиони долари во сириското пристаниште Тартус

Шпанскиот премиер го нарече Израел геноцидна држава