Утрински Весник
Магазин

Американците не ја менуваат долната облека и до седум дена

Img 2118.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Истражување на околу 1.000 американци покажало дека 45% од испитаниците ја носат истата долна облека два дена по ред, а уште пошокантно е фактот дека дури 13% од луѓето не ја менуваат долната облека дури и по седум дена.

Стереотипот според кој мажите се понеуредни од жените во овој случај се покажа како точен, бидејќи истото истражување покажа дека мажите со поголема веројатност нема да ги променат своите алишта седум дена.

Шокантни податоци за навиките за хигиена на Американците повеќе од половина од испитаниците не ја менуваат долната облека секојдневно, што е катастрофално, бидејќи оваа навика се смета за основна хигиена.
Дури 45 проценти од испитаниците потврдија дека носат долна облека два дена или подолго, а 13 проценти признаваат дека носат иста долна облека по седум и десет дена.

Мажите предничат кога станува збор за нередовна хигиена. Од 1.000 американци кои учествуваа во истражувањето, покажало дека мажите се 2,5 по извалкани од жените.

Американците се верни на својата долна облека, а 46 проценти од нив имаат исти гаќи и по една година или повеќе.

Препорачливо е да се обновува долната облека на секои шест месеци, бидејќи микроорганизмите и бактериите се акумулираат на неа со текот на времето, што може да доведе до различни несакани инфекции.

Според една студија во Велика Британија во 2017 година, 83 проценти од перените алишта се дом на околу 10,000 живи бактерии, а повеќето од нив се резултат на машините за перење, кои честопати лошо перат.

Можете да прочитате

Витаминот Ц како можна заштита од штетните ПМ честички

Вечер на класична магија – Пијано концерт на Арда Мустафаоглу во „Џевахир мол”

Зимска магија, улична храна и врвна музика на WINTERFESTIVAL пред СЦ „Борис Трајковски“