Утрински Весник
Магазин

Овие намирници даваат повеќе енергија од кафето

Img 2115.webp.webp

Кафето на многумина е омилен пијалок и прв избор кога им е потребно да се кренат енергетски. Причините за недостаток на енергија можат да бидат повеќе, но претерувањето никогаш не е добра опција, па ниту за кафето, ниту за благото за кои се веруваат дека се енергетски „бустери“.

Сепак, стручните лица наведуваат 5 намирници кои се далеку подобар избор од претходните две.

Еве ја листата:

Банана

Одличен избор за ужина, пред или после тренингот. Бананата е богата со шеќери кои се разградуваат брзо, а исто така се богати со магнезиум и калиум. Така, не само што ги храните мускулите, туку и мозокот и одличен избор се за победа на уморот.

Спанаќ

Богатство од минерали се содржи во спанаќот, важни за добра работа на нервниот систем. Железото е одличен сојузник за одржувањето на физичка, но и умствена сила. Ако не ви се допаѓа зготвен, тогаш направете смуди и додадете малку лимонов сок.

Јајца

Јајцата содржат трипофан и тирозин, што во превод значи дека кога јадеме јајца го регулираме лачењето на серотонинот односно допаминот. На тој начин ја зголемуваме и енергијата, но и мотивацијата. Јајцата содржат и селен, а тој е одличен сојузник во отстранување на заморот.

Црно чоколадо

Најдобро е да се почестите со оние што содржат повеќе од 70% какао, затоа што тој го крева расположението и енергијата. Црното чоколадо содржи и кофеин и теобромин, алкалоиди, кои само го интензивираат споменатото дејство.

Лосос

Оваа риба е извор на есенцијални масни киселини, пред се’ мислиме на Омега 3, кои го регулираат нивотот на серотонинот. Исто така, има и витамин Д, кој помага во создавање на малтонин, кој ни помага да спиеме подобро и подобро да се одмориме.

Можете да прочитате

Хороскопски знаци кои никогаш не се задоволни, секогаш бараат „повеќе“

Како правилно да ги перете патиките во машина без да ги оштетите

„Гугл“ воведува измени за корисниците на „Џимејл“