Утрински Весник
Скопје

Американ Колеџ ја избра градинката Пролет во Центар како пример за лекција по архитектура

Whatsapp Image 2024 04 16 At 13.44.58 3602c387 1.jpg
Ss2

Студентите од Факултетот за архитектура и дизајн на Универзитетот Американ Колеџ Скопје, под водство на професорот Сашо Блажевски направија студиска обиколка на градинката Пролет во Центар, која е во финална фаза на градба. Во разговорот со градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски и со службите на Општина Центар, студентите беа информирирани за проектот и неговата реализација.

„Се работи за објект наменет за деца од предучилишна возраст единствен во државата по својата големина, современиот дизајн и енергетската ефикасност. Драго ми е што сте овде за да се запознаете со сите решенија и карактеристики на оваа градба бидејќи токму вие како идни планери и урбанисти сте кадар што е многу потребен не само во општината, туку  и во целата  државата” им порача Герасимовски на студентите од втората година на архитектонскиот факултет на Американ Колеџ.

Img 5587

Општинските служби задолжени за менаџирање на проектот на студентите им ги демонстрираа карактеристиките на објектот. Идните архитекти имаа можност да се запознаат со спецификите на проектот во секторот на греење, енергетска ефикасност, стабилноста и безбедноста на градбата, инклузивниот пристап, итн.

Новата градинка Пролет треба да биде завршена наесен, а во моментов се работи во внатрешноста на зградата. Градинка се простира на вкупна површина од 3.276 метри квадратни, со капацитет за згрижување на 150 деца. Ќе има 9 занимални и надворешно игралиште до кое можат да пристапат и деца со попреченост во движењето. Во градинката ќе има и лифт за лица со инвалидитет и попреченост во движењето. Предвидена е и изградба на кујна само за потребите на градинката, со што децата ќе добиваат свежо зготвена и здрава храна.

Ss1

Можете да прочитате

Одржан Флеш моб по повод меѓународниот ден на танцот, Скопје наесен домаќин на Светското првенство во хип хоп

Во Центар започна инсталирање на смарт јавно осветлување близу училишта, градинки, паркови и шеталишта 

Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред