Утрински Весник
Спорт

Амбасадорот на СП: Хомосексуалците имаат ментален проблем

Амбасадорот на СП: Хомосексуалците имаат ментален проблем
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Две недели пред стартот на Светското првенство, во изјава за германскиот јавен сервис ЗДФ, Калид Салман, амбасадор на СП во фудбал во Катар, ја опиша хомосексуалноста како грев.

dobivaj vesti na viber

Во интервјуто за документарниот филм наречен „Тајната Катар“, тој изјави дека „многу работи ќе дојдат во неговата земја“ и тогаш почнал да зборува за хомосексуалците.

Поранешниот фудбалер додаде дека секој ќе може да дојде во Катар, но ќе мора да ги почитува правилата на земјата.

„Имам проблем, пред сè, што децата ќе гледаат хомосексуалци. Ќе научат нешто што не е добро. Хомосексуалноста е харам (грев) и е забранета“, подвлече Салман.

Тој смета дека хомосексуалците имаат „ментален проблем“.

Потоа, портпаролот на СП го прекинал интервјуто, велат од ЗДФ пред денешното емитување на таа изјава.

Хомосексуалноста е забранета во Катар и може да се казни со седум години затвор.

Можете да прочитате

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов

Нов трипл-дабл за Јокиќ, но пораз на неговиот тим

Јувентус по три победи во низа, се проби на третото место