Утрински Весник
Спорт

Алкараз во Астана елиминиран од „лаки лузер“

Алкараз во Астана елиминиран од „лаки лузер“

Карлос Алкараз, доживеа неочекуван пораз во првото коло на турнирот во Астана. Светскиот рекет број 1, загуби од „лаки лузерот“, Давид Гофан. Тенисерот од Белгија го совлада Алкараз со 2-0 (7:5, 6:3), за нешто повеќе од 90 минути игра.

dobivaj vesti na viber

Од освојувањето на Ју-ес опен, кога се искачи на првото место на АТП листата, ова е втор пораз за младиот Шпанец. Претходно загуби од Феликс Оже-Алијасим во Дејвис купот.

Гофан, во Астана, му се реваншираше и на Алкараз за поразот во Мелбурн минатата година.
Интересно е што Гофан во овој меч влезе како среќен губитник, бидејќи во квалификациите подобар од него беше малку познатиот Италијанец Лука Нарди, моментално 152. играч на планетата.

Гофан во второто коло на турнирот од Серијата 500, ќе игра против Французинот Адријан Манарино.

За разлика од Алкараз, Стефанос Циципас лесно го совлада локалниот миленик Кукушкин со 6:3, 6:4. Во останатите натпревари Хачанов беше подобар од Креси со 6:4, 7:6, Котов од Давидович-Фокина 6:4, 6:4, а Италијанецот Нарди од Русинот Шевченко со 7:6, 6:2.

Можете да прочитате

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами