Утрински Весник
Спорт

Алкараз поради повреда се повлече од Монте Карло

Alkaraz.jpg

Третиот тенисер во светот, Шпанецот Карлос Алкараз ќе го пропушти Мастерсот во Монте Карло
Алкараз изминативе денови тренираше со преврзана рака, но очигледно не успеа да ја санира повредата добиена на Мастерсот во Мајами, па исто како и лани ќе го пропушти првиот голем турнир на земјена подлога.

Шампионот на Индијан Велс со добар резултат во Кнежеството можеше да му се доближи на Новак Ѓоковиќ во борбата за првото место, но повредата го спречи во тоа.

-Работев во Монте Карло и до последен момент се обидував да се опоравам од повредениот мускул на десната рака, но тоа не беше можно и не можам да играм! Навистина со нетрпение го очекував… Се гледаме следната година! – напиша Алкараз на социјалните мрежи.

Останува да се види дали Алкараз ќе може да се опорави за турнирот од серијата 500 во Барселона, кој започнува на 15 април.

Местото на Алкараз во ждрепката како среќен губитник ќе го заземе Италијанецот Лоренцо Сонего, а во второто коло ќе се сретне со Феликс Огер-Алиасиме.

Можете да прочитате

РФМ ќе поднесе приговор до ЕХФ за несоодветна кратенка за нашата држава

Пораз на македонските ракометари од Грција

Меѓународен џиу-џица турнир „Скопје Опен 2026“ во Општина Илинден