Утрински Весник
Спорт

Алкараз го освои Индијан Велс, повторно е светски број 1

Алкараз го освои Индијан Велс, повторно е светски број 1

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го декласираше Данило Медведев во финалето на Индијан Велс со резултат 6:3, 6:2, по само 72 минути игра.

dobivaj vesti na viber

Со овој триумф момчето од Мурсија се врати на врвот на АТП листата од која го симна Новак Ѓоковиќ и со тоа ја започна 21. недела на чело на караванот.

Ваков епилог од мечот за трофејот на првиот Мастерс сезонава никој не можеше да очекува – и целосен дебакл за Медведев.

Алкараз од самиот старт беше подобриот играч на теренот, го диктираше ритамот, со својата агресивна игра редеше винери, го принудуваше ривалот на грешки.

Медведев до овој дуел беше во одлична серија на победи, ги освои Ротердам, Доха и Дубаи, но оваа вечер не личеше на себе.

За Алкараз ова е трета титула на Мастерс турнирите во кариерата, откако лани ги освои Мајами и Мадрид.

Можете да прочитате

Милан и со играч повеќе немоќен во Рим, Баер ја продолжи серијата без пораз, Ливерпул елиминиран

Македонските девојки на ЕП-2024 ќе играат во Унгарија

Карло Анчелоти откри кои играчи на Реал Мадрид одбиле да шутираат пенали