Утрински Весник
Спорт

Пенал драма на Вембли – Лутон се пласира во Премиер лигата

Пенал драма на Вембли – Лутон се пласира во Премиер лигата

Фудбалерите на Лутон изборија пласман во Премиер лигата. Во финалето на плеј-офот, Лутон го победи Ковентри по изведувањето на пенали со 6:5. Во регуларниот дел и по продолженијата резултатот беше 1:1.

dobivaj vesti na viber

Лутон, вечерва на Вембли, го доби најскапиот натпревар во светот на фудбалот. Со пласманот во Премиер лигата, во наредните три години ќе добијат 170 милиони фунти. Лутон никогаш не бил во друштво на најдобрите во Англија, откако лигата се игра во овој формат. Претходно последен пат во старата Прва дивизија играа во сезоната 1991/92.

Двата тима, во регуларниот дел од натпреварот добија по едно полувреме. На Лутон му припадна првиот дел со голот на Кларк, а Ковентри беа подобри во вториот дел, кога и израмнија преку Хамер.

Во продолженијата речиси и да не се играше фудбале, двата тима ги чекаа пеналите.

Во пенал серијата, трагичар стана десниот бек на Ковентри, Дабо, кој во 12. серија ја испрати топката над голот.

Можете да прочитате

Поранешниот селектор на Кина призна дека примил 10 милиони евра мито

Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров

Чави и да не се премисли останува во Барселона