Утрински Весник
Економија

Алити: За подобра системска подготовка за даночењето на капиталната добивка – одлагање уште една година

Алити: За подобра системска подготовка за даночењето на капиталната добивка – одлагање уште една година

Нора Алити, претседателката на Комисијата за хартии од вредност, денеска предложи даночењето на капиталните добивки да се одложи за уште една година.

dobivaj vesti na viber

Во воведното обраќање на годишната конференција на Берзата во Охрид, Алити рече дека Комисијата го поддржува предлогот на Берзата постапката да се централизира во Централниот депозитар за хартии од вредност, со што, како што нагласи, сега предвидената сложена административна процедура нема да претставува бариера за инвеститорите.

Таа истакна дека со користење на предностите на дигиталната технологија се зголеми способноста за да се дејствува бргу, ефикасно и решително.

„Силно инвестираме во модернизацијата на ИТ-инфраструктурата – вклучително со тоа да станеме еден од првите регулатори во земјата што целосно ги дигитализира процесите зголемувајќи ја транспарентноста, а и нашата способност за надзор“, нагласи Алити.

За интегритетот на пазарот, Алити посочи дека јасно е демонстрирано оти не постои сценарио во кое ќе се прифати површното дејствување на филозофијата: „не прашувај – не кажувај – не дејствувај“.

„Комисијата е отворена за бизнис, но не е отворена за субјекти што не ги исполнуваат нашите регулаторни очекувања и легислативни барања. Не дозволуваме учество на субјекти кои може да ја нагризат довербата на пазарот на капитал“, порача Алити.

Можете да прочитате

Трипуновски: Кавадарци е еден од најзначајните центри на агросекторот во државата, 7.000 хектари под лозов насад

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 4 мај

СДСМ: Дебакл на економијата на Мицкоски, граѓаните осиромашуваат – мерки нема