Еден од најпознатите француски актери Ален Делон со одлука на судот доби старател.
Според странските медиуми, старателот ќе го придружува во извршувањето на бројни задачи во секојдневниот живот, освен најважните, како што е продажбата на недвижен имот, што е функција која е оставена на одредена друга личност од доверба.
Чуварот ќе му помогне и на Ален Делон во изборот на лекар кој ќе продолжи да го следи неговото здравје. Имено, оваа одлука е донесена по бројните меѓусебни обвинувања во јавноста на децата на познатиот актер од почетокот на оваа година, по што реагираа адвокатите на Ален Делон кои побараа тој да биде ставен под судска заштита.
Браќата Антони и Ален Фабијан ја обвинија сестрата Анушка дека го запоставувала нејзиниот татко и го искористувала, додека Анушка поднела тужба против браќата за клевета.
Алармот го вклучи и Ироми Ролен, жена која до неодамна беше со актерот и која изјави дека животот му е во опасност и дека веќе неколку месеци не ја прима пропишаната терапија.
Според Ален Фабијан, терапијата што му ја препишале лекарите во Швајцарија била прекината во договор со француските лекари, но Анушка негира дека овој потег бил договорен.
Не се знаеше дали Ален Делон може сам да одлучи дали сака дополнително лекување или не.