Утрински Весник
Спорт

Алегри експресно е казнет за циркусот кој го приреди во финалето од Купот на Италија

226664 Alegri Dobi Zhestoka Kazna Za Ludoriite Vo Finaleto Od Kupot.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Тренерот на трофејниот италијански фудбалски калчолигаш Јувентус, Масимилијано Алегри, по триумфот на неговата екипа во Купот на Италија, поради недолично однесување експресно доби казна за циркусот кој го приреди. Казнет е со два натпревари неседење на клупата и парично со 5.000 евра. Јувентус до крајот на сезоната треба да игра уште два калчолигашки натпревари против Болоња и Монца, а Алегри наместо на клупата ќе биде на трибините. Со финалниот меч во Купот Алегри го заврши својот втор мандат на клупата на „старата дама“.  На средбата со Аталанта која „старата дама“ ја доби со 1:0, искусниот трофеен стручњак се изгуби во финишот од натпреаврот. Откако се налути на една судиска одлука и го соблече сакото, вратоврската, саркастично им аплаудираше на абитрите, поради што беше испратен на трибината. Во извештајот од делегатот е наведено дека се однесувал агресивно и користел навреди и грди гестикулации кон судиите. Јувентус по 15. пат го освои трофејот во Купот на Италија.

Можете да прочитате

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Наполи поразен во Удине – 24info.mk

Турнејата на Меси низ Индија започна во хаос, лутите навивачи фрлаа седишта на теренот