Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Алејата на ангелите во Кочани повторно зборува без зборови

Img 9003.jpeg
300x250 opst2

Драги Горгиев, татко на тапанарот Ѓорѓи Горгиев – една од жртвите во трагичниот пожар во клубот „Пулс“, сподели емотивно видео од гробиштата во Кочани, каде што почиваат најголем дел од настраданите. Преку болната снимка, тој испрати порака исполнета со тишина и болка:

„Оние кои што вистински ве сакаат и почитуваат, знаат колку е тешко да се живее без вас, 63 наши ангели,“ напиша Горгиев, спомнувајќи го и возачот на Брза помош кој почина од срцев удар поради преголем напор, откако повеќе од 24 часа ги превезувал повредените.


Видеото, кое брзо се прошири на социјалните мрежи, го сподели и Марија Петрушова – мајка на младиот Андреј, кој исто така го загуби животот во трагедијата. Таа напиша потресна порака што допре до многумина:

„Во Кочани, под тивкото небо, постои место што зборува без зборови… Место каде болката се среќава со вечноста, а љубовта никогаш не умира. Овде, во Алејата на Ангелите, почиваат 23 наши деца – млади животи што прерано заминаа. Во нивна близина, уште 9 ангели го делат истиот вечен мир. Сите тие – дел од нашите 62 ангели. 62 светлини што засекогаш ќе го осветлуваат патот на вистината и правдата. Нивните имиња не се забораваат. Нивните насмевки не избледуваат. Нивниот дух живее – во секое срце што чука за нив.“

Родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“ повторно потсетуваат дека болката не избледува, а борбата за вистината и правдата продолжува.

ЛИНК до видеото

Можете да прочитате

Николоски од Охрид: Кирил Пецаков ќе има историски најголема победа

Филипче од Струмица: Даскаловски е човек од теренот, СДСМ се враќа и ќе победи

Акредитирани 591 странски и 658 домашни набљудувачи, пријавени околу 9.000 болни и изнемоштени лица