Утрински Весник
Македонија

Албански медиуми: За шест дена на преминот Ќафасан минале над 70 илјади патници

20240806102947 Big 730x400 78.webp.webp

На граничниот премин „Ќафасан“ на македонско – албанската граница, кај Струга, од 30 јули до 4 август регистрирани се над 70 илјади патници, што е за 20 отсто повеќе споредено со истиот период минатата година.

– Поради летната туристичка сезона и пристигнувањето на иселениците во родните места, во двете земји, нивниот број е во постојан раст. Според информациите од надлежните на преминот се работи со полн капацитет и често со забрзана постапка за да не се создаваат редици и чекање, пренесоа албанските медиуми.

Додаваат дека зголемен проток се бележи во утринските и попладневните часови на денот.

Најголема фреквенција е забележана во неделата, на трети  август кога границата ја минале 13.828 патници од нив за влез на албанска територија  8.217 додека на излез 5.611 патници. 

Можете да прочитате

ЦУК: Два активни пожари, изгаснати 18, еден ставен под контрола

Филипче: Владата сака да биде најдобриот ученик, а за сега има само единици по сите предмети

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, ќе се знае до крајот на јули – во игра се Ралев и Шукова