Утрински Весник
Свет

Албански екстремист уапсен во Њујорк: ,,Ќе ве распнам стаорци, ќе биде хорор сцена”

Албански екстремист уапсен во Њујорк: ,,Ќе ве распнам стаорци, ќе биде хорор сцена”
300x250 (7)

Ридон Кола, Албанец кој живее во Њујорк, е обвинет дека планирал да убие полицајци и се заканувал дека ќе го убие градоначалникот за време на парадата за Денот на Свети Патрик, пишува ,,Фокс Њуз”.

dobivaj vesti na viber

Во текот на неколку месеци, Кола имаше неколку објави во кои ја поддржува Исламската држава и се закануваше со терористички дејствија на полицијата на денот со парадата во градот.

Ss1

– Прв што ќе биде распнат е Градоначалникот. Алаху Акбар – напишал Кола на Интернет.

– Ќе ги распнам и полицајците и нивните шефови по авенијата Меклин. Ќе ве распнам стаорци…Ќе биде хорор сцена… Алаху Акбар – напишал тој во својата втора порака.

Во друга објава неколку дена подоцна, тој се фотографирал со секира,пренесуваат американските медиуми.

„Ајде Јуда, те чекам“, гласеше натписот на албански јазик.

Ss1

Можете да прочитате

ЕУ одвои дополнителни 68 милиони евра помош за Палестинците

Блинкен пристигнува во Израел, седми пат од почетокот на војната

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите од НАТО