Утрински Весник
Балкан

Албанија во 2025 година ја посетиле над 12,4 милиони странци

Valona albanija.jpg

Министерството за туризам, култура и спорт, ги објави статистичките податоци за развојот на туризмот и културата за 2025 година, кои покажуваат зголемен интерес на странците за посета на Албанија.

-Минатата година престојувале 12. 466. 038 странци, што е за 6,6 отсто или 769.960 лица повеќе споредено со претходната година. Најбројни се косовските граѓани или 4 662 571 што е за 5,3 отсто повеќе од претходната година, објави министерството.

Од соседните земји втори по бројност се италијанските граѓани со над 1,92 милиони, потоа македонските над 932 илјади, грчките над 803 илјади и црногорските со над 781 илјада.

-Бројките го одразуваат влијанието на политиките што се спроведуваат, инвестициите што се прават и соработката меѓу централните и локалните институции, оценуваат од министерството.

Раст од 14,5 отсто бележат и приходите од туризмот. За  девет месеци достигнале 4,4 милијарди евра.

„Се повеќе се посетувани се местата со културно наследство. Ги посетиле над 1,5 милиони посетители, што претставува зголемување за 30,63 отсто во споредба со 2024 година, додека 5,9 милиони лица ги посетиле заштитените подрачја  што е за 6 отсто повеќе, наведува министерството за туризам, култура и спорт. 

Можете да прочитате

Кос предупредува: Западен Балкан може да изгуби 750 милиони евра од Планот за раст

Турската полиција приведе 110 рудари кои штрајкуваа со глад во Анкара

Тројно убиство ноќеска во Подгорица