Утрински Весник
Македонија

АКТУЕЛНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Од денес до четврток јужен ветер со брзина од над 60 км/час и врнежи од дожд, локално поројни и проследени со грмежи!

Messenger Creation B03c239b 3db1 40f9 B799 8061ce438cf5.jpeg

Од денес до четврток следува променливо време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи, а не се исклучува можноста за ретка појава на град.

Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, а во четврток од југозападен правец (повремено со брзина од над 60 км/час).

За време на овој влажен бран од запад, локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20 литри дожд на метар квадратен).

Во Скопје и околината исто така ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југоисточен правец (повремено со брзина од над 60 км/час).

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат во пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 19 степени.

Уште поголем пораст на температурите кај нас очекуваме за време на викендот, кога тие ќе бидат рано – летни и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 27 степени, додека во делови од регионот тие ќе се искачат до 30 степени.

Можете да прочитате

ЈНА се заканувала со срамнување на Скопје, Македонија се борела да го спаси аеродромот вели Гоцевски

Акција на ОЈО ГОКК и МВР: Кај помошник-директор на Царината пронајдени 17.500 евра

„Горе не оди како што треба“ – Гоцевски открива што му кажал Глигоров уште во 1987 година