Утрински Весник
Македонија

АКТУЕЛНА МЕТЕО НАЈАВА ЗА ИЗРАЗЕН ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА: За време на викендот на повеќе места температури над 30 степени, во најтоплите предели и до 35 степени

Download 30.jpg

Под влијание на значително топла воздушна маса од Африка, за време на викендот во Македонија ќе имаме многу топло време со максимални дневни температури кој на повеќе места ќе надминат 30 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе достигнат и до 35 степени, и ќе бидат натпросечно високи.

Времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец, и истиот во западните предели повремено ќе засилува на интензитет. Сепак атмосферата и покрај ова нема да биде во целост стабилна, и тоа поради влијание на циклон од западна Европа, па така во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на град кој би можел да биде покрупен.

Поради изразеното југозападно струење на висина, од Сахара кон нашата територија ќе се врши транспорт на прашина  и на песок, па повторно нема да имаме во целост чиста атмосфера. Во Скопје за време на викендот исто така температурата значително ќе се покачи, и максимумот на истата ќе биде до околу 31-32 степени.

Можете да прочитате

Постигнат договор за цената на црвената пиперка ајварка – 40 денари по килограм ќе се откупува

Млади момчиња уапсени, се обиделе да ограбат ЈЗУ во Велес

Гори над скопското село Кондово