Утрински Весник
Македонија

Активистите на Левица во нова акција за поправка на игралиштата во Аеродром: Муцунски нема слух да ги санира штетите

Активистите на Левица во нова акција за поправка на игралиштата во Аеродром: Муцунски нема слух да ги санира штетите

Бидејќи Општина Аеродром, под палката на Тимчо Муцунски нема слух, а ниту желба да ги санира детските игралишта низ општината, најверојатно поради тоа што тука нема мрсни тендери за крадење, нашите активисти волонтерски им ја вршат работата за која се дебело платени со народни пари. Ова го соопштија од партијата Левица.

dobivaj vesti na viber

„Ова е веќе второ руинирано детско игралиште, кое нашите активисти целосно го оспособија за користење од страна на најмладите жители на општината. Овие волонтерски акции на нашите активисти ќе продолжат и во иднина, бидејќи детската среќа и радост се бесценети, а сепак заборавени од општината, освен кога треба да се слика градоначалникот Муцунски, злоупотребувајќи ги децата за евтин пиар“, велат тие.

Левица како партија од народот за народот, додаваат, има приоритет да покаже дека може да се работи поинаку и со овие волонтерски акции само покажува на жителите дека локалните самоуправи воопшто не се грижат за убав изглед и функционалност на општините, без оглед на тоа дали со локалната власт раководи СДС или ДПМНЕ.

„Овие две истрошени и криминални партии, кои 33 години ја уништуваат државата, треба конечно да завршат на буништето на историјата како црна дамка во поновата македонска историја. Од сите нас зависи дали овие две криминални партии ќе си го добијат заслуженото за повеќедеценискиот лоповлук, криминал и тотална негрижа за потребите на народот“, завршуваат од Левица.

Можете да прочитате

ОД ОВОЈ ПЕТОК НИ ДОАЃА ЛАДНИОТ ЦИКЛОН: Ќе ни донесе многу дожд, снег и голема снежна покривка!

Свечен настан за 30 години дипломатски односи и цврсто македонско-јапонско пријателство

Николоски: Од јануари нов пакет од 250 милиони евра владина подршка, општините да подготвуваат нови проекти