Утрински Весник
Македонија

Ако денот по утрото се познава кај ВМРО ДПМНЕ ништо ново

Vmro 275267.jpg

Кадорвската политика на владата, со назначување на шесте в.д. директори на јавни претпријатија покажа дека ВМРО ДПМНЕ наместо професионалци има за цел да ги враќа „отпишаните“. Па така оако по утрото денот се познава, кај ВМРО ДПМНЕ не се сменило ништо. Политизација пред квалификација тоа очигледно беше единствениот критериум да ги назначи шесте вршители на должност на владината седница во вторникот.

Со назначување в.д. директор, Владата ја заобиколи неопходната процедура кога директорите би ги назначиле по регуларен конкурс. Во таков случај, на пример Александра Пандов ќе мораше да оди на интерву, да приложи кратка биографија, сертификати за познавање странски јазик, мотивациско писмо, како и предлог план и програма за работа и да докаже дека ја познава институцијата Управа за извршување снакции, со која ќе директорува. Пандов во својата програма за работа ќе мораше и да наведе кои се клучните проблеми на таа Установа и каква е визијата на Пандов, да се справи со истата. Назначениот в.д. директор на Управата за извршување санкции Александар Пандов е историчар и работел во приватниот сектор, член на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ. Затворската управа пак е надлежна за состојбите во затворите и за реформи во затворскиот систем . Тоа е еден од најкритикуваните сегменти, во изветаите кои Макеоднија ги добива за областа правда и право.

ВМРО-ДПМНЕ, како владеачка партија го искористи дискрециското право да именува директори без конкурс. Според кратките биографии објавени јавно, од каде може да се прочитаат квалфикациите на вршителите на должност на јавните установи може да се заклучи дека Владата наместо да избира човек за одредена институција , барала институција за конкретен човек. Клучен принцип наместо „квалфикуван“, бил да е „наш“.

А за тоа колку е „наш“ покажува изборот и на Сашо Клековски, назначен за в.д директор на Фондот за здравство. Сашо Клековски, долгогодишен извршен директор на невладината МЦМС, бизнисмен, на почетокот на 2022 година стана член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, а со тоа и редовен учесник на телевизиските дебати, каде ревносно ја бранеше, сега владеачката ВМРО ДПМНЕ и нејзините ставови и политики. Таа „квалификација“ му ја обезеди позицијата в.д. директор на Фондот за здравство.

Вршител на должност директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони е назначен Гоце Димовски, на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов, а Здравко Трајанов е в.д. директор на „Национални шуми“.

Иако прерано е да се носат заклучоци за кадрвските политики на ВМРО ДПМНЕ дали ќе наликуваат на претходното владеење на оваа партија кога Македонија го доби епитетот „заробена држава“, сепак назначувањето на Коце Трајановски за в.д. директор на ЈП за државни патишта остава доволно простор дека принципот на ВМРО ДПМНЕ е далеку од напуштен.

Пораешниот градоначалник на Скопје, кој добваше многу прекари, повразни со проектите кои ги правеше како градски татко-Коцката или Копакабана, како в.д. директор на ЈПДП ќе располага со буџет на претпријатието кој е над 600 милиони евра, шест пати поголем од буџетот на Град Скопје. Коце Трајановски беше избран за градоначалник на Скопје во 2009 година и оваа функција ја извршуваше до 2017 година. Во неговиот мандат ВМРО ДПМНЕ го спорведе најконтроверзниот проект Скопје 2014.

За политиките на партискиот комитет да бидат во целост спроведени, ВМРО ДПМНЕ на истата владина седница одлучи да ја врати и оградата која беше направена и поставена во 2015 година, во време на владата на Никола Груевски, а која граѓаните ја платија 700.000 евра, како дел од проектот Скопје 2014. Металната ограда ја отстрани претходната власт на СДСМ, во 2019 година, симболиката на тогашната Влада беше дека со отстранување на оградата, Владата е поблиску до граѓаните и се враќа демократијата. Новата Влада на Христијан Мицкоски, одлучи повторно со „железни врaти“ да се огради од граѓаните.

Можете да прочитате

Николоски: Ќе се гради алтернативен пат на трасата Тетово – Гостивар за да не се отсечат жителите од Полог

Гаши: Газењето на државни знамиња е напад врз сите етнички заедници

Адвокатот Митровски: За палењето на македонското знаме може да се одговара и до пет години затвор